wordpress counter

„Пиво Лашко“ со нов сопственик

Конзорциумот банки, кои се сопственици на „Пивоварна Лашко“, решија да ги продадат своите удели во оваа најпозната словенечка пиварница. Причината е мошне едноставна и разбирлива – пиварницата се наоѓа во исклучително лоша финансиска состојба, со долгови од преку 165 милиони евра.

Спогодбата за продажба ја потпишаа „НЛБ“, „Хипо Банка“, „Пробанка“, „Абанка“, „Горењска банка“, „Нова кредитна банка Марибор“ и фондот „НФД“, кои имаат преку 65% од уделот во „Пивоварна“ од Целје.

Сега сигурно ќе се запрашате зошто банки се сопственици на пиварница? Приказната е прилично стара. Поранешниот сопственик на пиварницата, бизнисменот Бошко Срота, не можел повеќе да ги враќа огромните кредити кон банките и тие му ја одземале. Со оглед дека се покажаа како лоши газди, сега ги продаваат своите удели во неа.

Претходно, тие веќе го продадоа „Фруктал“, кој е дел од оваа групација, на српскиот „Нектар“, за што веќе ве информиравме. Но и со тие средства не успеаа да ја спасат фабриката.

Инаку, оваа година „Пивоварна Лашко“ остварила 161 милион евра приход, од кои 1.2 милиони евра е загуба. Продажбата се очекува да се реализира кон крајот на годината.

Related Posts with Thumbnails