wordpress counter

Pizza Hut го менува името?

PIZZA HUT ГО МЕНУВА ИМЕТО ВО THE HUT

Еден од најголемите светски синџири на пицерии сега промовира ново скратено име – „The Hut“, за да ја промовира нивната нова паста. Сепак, некои од водечките луѓе на компанијата велат дека тоа е само за целите на маркетинг кампањата и дека во компанијата нема расположение за менување на името.

Брајан Никол, извршен маркетинг директор, изјави дека компанијата е горда на своето име и наследство и ќе остане сега засега Pizza Hut. Но, ако тргнеме од она што велат старите: „каде има чад има и оган“, останува да видиме дали има вистина во овие гласини.

Кратенката „The Hut“ беше употребена за да ја приближи компанијата поблиску до младата SMS-Chat генерација, која настојува секоја комуникација да ја направи со што помалку букви.

Related Posts with Thumbnails