wordpress counter

„Pizza Hut“ со револуционерна пица

Британскиот „Pizza Hut“ се реши повторно да биде уникатен. Во својата понуда воведе пица на која рабовите и се полнети со виршли. На тој начин, ја зајакнаа калориската вредност на пицата, а синџирот ресторани со овие иновации се надева на ширење и на другите пазари.

Претходно, тие беа први што ги наполнија рабовите на пицата со сирење, што како понуда беше одлично прифатена. Сега се надеваат дека и пицата со рабови од виршли, со која оди бесплатен сенф, ќе биде вистински хит.

Единствена конкуренција може да им бидат пицериите во Јапонија и Тајланд, каде постојат пици полнети со колбаси. А, нам ни останува да го чекаме следниот еволутивен чекор на пицериите во Македонија.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Најдобрите ресторани во Хрватска

Со оглед дека одреден број наши граѓани одморот го поминуваат или ќе го поминат во Хрватска, се решивме да ви...

Close