- Гурман™ - http://gurman.mk -

„Pizza Hut“ со револуционерна пица

Британскиот „Pizza Hut“ се реши повторно да биде уникатен. Во својата понуда воведе пица на која рабовите и се полнети со виршли. На тој начин, ја зајакнаа калориската вредност на пицата, а синџирот ресторани со овие иновации се надева на ширење и на другите пазари.

Претходно, тие беа први што ги наполнија рабовите на пицата со сирење, што како понуда беше одлично прифатена. Сега се надеваат дека и пицата со рабови од виршли, со која оди бесплатен сенф, ќе биде вистински хит.

Единствена конкуренција може да им бидат пицериите во Јапонија и Тајланд, каде постојат пици полнети со колбаси. А, нам ни останува да го чекаме следниот еволутивен чекор на пицериите во Македонија.