wordpress counter

Подравка на продажба

Една од најголемите прехранбени компании во Хрватска, Подравка од Копривница, лесно може да добие нов косопственик. Имено, 26% од Подравка ги поседува Владата на Хрватска и постои интерес тој пакет акции да ги продаде на заинтересиран инвеститор.

Според аналитичарите, причина за ваквата одлука треба да се бара во светската финансиска криза која значително го потресе хрватското општество и економија. Оние кои се упатени во целата проблематика велат дека Подравка е и единственото вредно нешто од чија продажба можат да се заработат пари.

Јавноста веќе почна да шпекулира со бројките, но најверојатната сума која може да се добие за овој пакет акции се движи помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Related Posts with Thumbnails