wordpress counter

„Подравка“ тргна во поход на Турција и Русија

Хрватскиот прехранбен гигант „Подравка“ од Копривница, подготвува нова извозна стратегија која ги вклучува огромните пазари на Турција и Русија. Целта на комапнијата е да го зголеми својот пазарен удел во овие земји, паралелно со влегувањето на Хрватска во ЕУ во 2013 година.

„Подравка“ веќе е присутна на рускиот пазар преку една руска компанија, но сега планира да гради и сопствени производствени капацитети. Преговорите за отворање производство во Русија започнуваат оваа есен.

Што се однесува до турскиот пазар, тие планови се сѐ уште само на хартија. Најнапред ќе следи детално и длабинско истражување на турскиот пазар, а потоа ќе се донесат одлуките. Значи, во врска со Турција – ништо не е конкретно.

Се надеваме дека и македонските производители на храна конечно ќе се охрабрат и ќе започнат да размислуваат на ширење на своите пазари. Нашиот совет е да престанат да се позиционираат само во оние земји каде што има наши иселеници, туку конечно да започнат да произведуваат квалитетни производи, со кои ќе го освојат и истенчениот вкус на западните потрошувачи.

Related Posts with Thumbnails