Потрага по магичната фолија
Крафт не би бил Крафт доколку не мисли и на нас, луѓето кои живееме во топлите краишта. Во текот на летните месеци, особено голем проблем е топењето на чоколадите. Овој недостаток може да биде погубен по квалитетот на производот, кој кај Крафт е секогаш на прво место.
Затоа, оваа фабрика ѝ се обрати на стручната јавност во обидот да пронајде технологија на амбалажа која, во температурен интервал помеѓу 24 и 40 степени Целзиусови, топењето на чоколадото ќе го сведе на минимум. Моментално, постоечката технологија е прескапа, додека амбалажата е незграпна.
Инаку, овој проект Крафт го води заедно со NineSigma, компанија која во нивно име пронаоѓа потенцијални соработници и нови технологии. Овој пар се покажа успешен и во претходните соработки (нов начин на изработка на Орео колачињата) и останува да го потврдат тоа и овој пат. Предлозите за нова технологија се примаа до 10 септември и останува да видиме каков избор направил Крафт.
Секако, ние ќе ве информираме и за таа новина, која веруваме дека конечно ќе го спречи топењето на чоколадите или потребата од нивно чување во фрижидер. ●
