wordpress counter

Правила, правила…

ПРАВИЛА, ПРАВИЛА...Знаеме дека правилата во современото општество знаат да бидат досадни, а многу од нив направени без доволно да се вклучи разумот, сепак случајов во Англија можеме слободно да го ставиме во групата на „верувале или не” настани.

Имено, млада британка која штотуку станала мајка по вторпат, решила да посети еден од многуте јавни базени. И немаше да ја има оваа вест, ако новороденчето не побарало да јаде. Кога жената се решила да го надои, раководните лица на базенот не го дозволиле тоа, со образложение дека внесување и консумирање на храна покрај базенот било забрането. Според ова и доењето се смета за консумирање храна и е забрането.

Раководството на базенот излегло во пресрет и решило да ѝ обезбеди на мајката посебна просторија, но таа го одбила тоа бидејќи немало кој да внимава на другото дете во базенот.

Случајот дојде и до општинскиот совет на Нотингем, кој понуди целосно извинување и секако, ветување дека ќе го разгледа правилникот за употреба на храна и пијалаци на базените.

Related Posts with Thumbnails