wordpress counter

Проект: Conflict Kitchen

Тројца американски уметници спроведуваат еден навистина интересен концепт. Станува збор за уличен ресторан со храна за носење, каде се служат специјалитети од земјите со кои САД се во конфликт.

Проектот е на Џон Пења, Џон Рубин и Дон Велески. Менито ќе се менува секои четири месеци. Сѐ додека не се изредат сите земји со кои тие се во конфликт. А списокот, искрено, не е мал, така што проектот веројатно ќе трае долго.

Иран е првата земја која свечено го отвори ресторанското мени. Храната се пакува во посебна хартија на која се наведени основните податоци за двете земји и мислењата и ставовите на двата народа во врска со конфликтот. Се очекуваат во иднина и специјалитетите од Куба, Кина, Виетнам, Венецуела, Боливија, Афганистан, Ирак, Русија, Белорусија…

Related Posts with Thumbnails