wordpress counter

Пропадна компанијата „Пилко“ од Скопје

Деновиве, заврши една од најуспешните македонски приказни од прехранбената индустрија. Компанијата за производство на свежо пилешко месо, „Пилко“ од Скопје, ги запре своите активности. Причините се недостаток на финансиска поддршка, скапи кредити и недоволна заштита на домашното производство од страна на државата.

Според директорот на „Пилко“, Љубомир Дренковски, повратливоста на инвестициите кај овој тип на производство е мошне тешка и спора. Затоа и не може да се финансира само со кредити, туку и преку фондови и посебни банки, како што е случај во другите европски земји. Покрај тоа, потребна е и поголема протекционистичка политика од страна на државата. Сепак, сопственикот не го негира рестартирањето на фабриката доколку се најде странски стратешки партнер.

По затворањето на единствениот македонски снабдувач со свежо пилешко месо, на купувачите не им преостанува ништо друго туку да се свртат кон увозното пилешко месо, кое често пати е со сомнителен квалитет. Од друга страна, македонското министерство за земјоделство смета дека дава доволна поддршка за оваа индустриска гранка. Според нив, субвенцијата од 25 денари по пиле е доволна финансиска поддршка од страна на државата.

Related Posts with Thumbnails