wordpress counter

Прв фаст фуд ресторан во Северна Кореја

САМТАЕСОНГ - ПРВИОТ ФАСТ ФУД РЕСТОРАН ВО СЕВЕРНА КОРЕЈАВо главниот град Пјонјанг, во Северна Кореја, се отвори првиот ресторан за брза храна. Ресторанот се вика „Самтаесонг“ и продава хамбургери, вафли и пиво по цени кои се движат помеѓу 25 и 70 денари. Местото го отвори сингапурска компанија, додека Северна Кореја обезбедува работна сила и суровини за подготовка на храната.

Според плановите, многу брзо на менито ќе се најдат и кроасани и хот-дог. Според идејата на сопственикот, храната нема да биде универзална како во другите земји туку ќе биде прилагодена на тамошните вкусови.

Останува да видиме како ќе реагира на ова населението на С. Кореја. Долгите години на изолација ги направи да бидат многу чувствителни на промените. Особено на оние кои доаѓаат од западниот свет.

Related Posts with Thumbnails