wordpress counter

Прво чоколадо кое не се топи

Ирската компанија „The In Thing“ произведе и веќе лансираше на пазарот чоколадо кое не се топи при зголемени температури. Станува збор за „MAGIC CHOC“, производ кој веруваме дека ќе им стане омилен на сите родители кои имаат мали деца. Особено што ќе ги спаси од перење на детската гардероба после секое изедено чоколадо.

Интересно е дека овој производ може да се преобликува исто како пластелинот, а чоколадната маса е стабилна и на температури од 45 степени. Овој сладок деликатес е направен од белгиско бело и црно чоколадо и доаѓа во пакување со илустрирани упатства и предлози за изработка на разни чоколадни облици и ликови.

Овој „2 во 1“ производ е наменет за сите постари од 4 години. Пакетот со чоколадо вклучува и шамивчиња за дезинфекција. Според Пол Џексон, извршен директор на компанијата, тие успеале да направат вистинско чоколадо кое не се топи и кое може комерцијално да се продава. Останува да почекаме некој од нашите увозници да го пронајде и да го донесе во нашите маркети.

Related Posts with Thumbnails