wordpress counter

Расте извозот на земјоделски производи

Од извозот на земјоделски производи, во јуни оваа година се реализирани преку 755 милиони денари или 12 милиони евра. Тоа значи зголемување на извозот за 37% во споредба со истиот период лани.

Најмногу се извезуваат пиперки, домати, краставици, зелка, конзервиран зеленчук и овошје. Од сите земјоделски региони, најмногу извезува струмичкиот, кој во првиот квартал остварил повеќе од 45 милиони евра извоз. Главни увозници на нашите производи се поранешните ју републики, земјите од ЕУ, Русија, Белорусија и Украина.

Но и покрај зголемиот извоз, тоа не се одразува на зголемување на цените на нашиот пазар. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во текот на јули и август дури има и намалување на цените на доматите, зелката, лубениците и дињите. Поголемо зголемување на цените е регистрирано само кај лукот и оревите.

Related Posts with Thumbnails