wordpress counter

Рецензија на угостителски објекти: Кафеана ДМ (1 дел)

Во рамки на содржинското збогатување на Гурман™, воведуваме нова подкатегорија во која ќе можете да прочитате корисни информации за угостителските објекти кај нас и во странство. Првиот текст, односно рецензија, ѝ ја посветуваме на дебармаалската кафеана ДМ.

Во новото срце на градот, но некако подалеку од центарот на настаните кои се случуваат на Ленинова, се наоѓа едно навистина пријатно место. Во близина на Центарот за странски јазици, сместена буквално на улица, се наоѓа една од најстарите кафеани во овој дел на градот. Внатрешниот дел е прилично мал – една маса на влезот, која постојано е зафатена од редовни гости и уште 6 маси во вториот дел, на кои можат да се соберат околу 30-35 гости.

Терасата е веројатно најубавиот дел од кафеаната. Пет долги дрвени маси и две помали, на кои може да се сместат околу 6-8 луѓе, ѝ даваат посебен шмек на оваа дебармаалска институција. Масите се на самиот тротоар, близу до улицата, но со оглед дека тука и нема премногу сообраќај, седењето е пријатно, особено за викендите.

Кога станува збор за прием на гости, персоналот одлично си ја врши својата работа. Ако сте резервирале маса (а тоа е препорачливо, особено за викендите), тогаш вашето сместување оди бргу. Доколку, на поминување сте решиле да седнете, ќе ве информираат за приближно колку време ќе се ослободи некоја маса.

Покрај приемот, персоналот добро си ги исполнува и другите свои обврски. За волја на вистината, малку се спори при приемот на нарачката, но во сите други сегменти одлично си ја вршат својата работа. Услугата е брза и секогаш точна. Односот им е професионален, со пристојна доза на блискост и хумор.

Еден од недостатоците на ДМ е атмосферата. Музиката или е премногу тивка, или воопшто не се слуша, така што и не може да заклучиме каква музика се пушта таму. Со оглед дека внатрешниот дел е мал и често полн со гости кои се добро расположени, нема ниту теоретска шанса да слушнете музика. Доколку сте љубители на тивки места, без останатите гости да ви дишат во врат, тогаш не ви го препорачуваме ова место.

Related Posts with Thumbnails