wordpress counter

Рецензија на угостителски објекти: Кафеана ДМ (2 дел)

Во првиот дел од статијата ги оценивме локацијата, приемот, персоналот и атмосферата во ДМ. Сега, ќе се осврнеме на уште неколку битни елементи во оценувањето на угостителските објекти.

Храната, со еден збор е – одлична. Менито нуди предјадења, салати и главни јадења и сметаме дека е сосема доволно за ваков тип на угостителски објект. Месото на скара е секогаш одлично подготвено и доволно испечено. Салатите се свежи, а помфритот е еден од највкусните во градот.

Ние, од предјадењата, би ви препорачале тиквици (ако сакате лук), сирење на скара или сланина чипс, додека мешаната салата е нешто што не смее да се пропушти. Доколку се решите за некое јадење од месо, тогаш месена шарска плескавица, вешалица или свежо ребро би биле идеален избор.

Изборот на пијалаци е стандарден. Повеќето жестоки пијалаци се наоѓаат на менито, како и газирани и негазирани сокови и води. Секако, по оброкот, ќе може да уживате во кафе и некој десерт.

Цените се сосема пристојни и во рамки кои може да си ги дозволат поголем број од потенцијалните гости. Ако ги ставиме во однос цената и квалитетот, ќе кажеме дека во ДМ, за парите кои ќе ги потрошите, ќе добиете навистина многу. Просечна сума на едно одење во ДМ, кое ќе вклучи салата, едно парче месо и помфрит и два пијалаци, би ве чинело околу 400-500 денари.

За сите оние кои не сакаат да пропуштат некој тв настан (фудбалски натпревар, седница од парламент или некоја емисија за готвење) на располагање се три ТВ приемници. Персоналот веднаш ќе го промени каналот доколку го побарате тоа од нив.

Related Posts with Thumbnails