wordpress counter

RedBull ЗАБРАНЕТ!

REDBULL ЗАБРАНЕТ

Шест германски федерални држави го забранија Red Bull Cola откако беше откриено дека во овој пијалак има количество на кокаин поголемо од дозволеното. Проблемот се појавил кога агенцијата за сигурност на храната на Северна Рајна Вестфалија открила присуство на кокаин поголемо од дозволените 0,4 микрограми на литар.

Според австрискиот производител, причината за овие резултати е користењето на екстракт од декокаинизирани ливчиња од кока во овој пијалак. Секако дека индустријата на пијалаци е затворена за медиумите кога станува збор за употреба на овие листови од кока, иако во повеќето земји се легални. Кока Кола, според пишувањата на Time магазинот, сѐ уште нема потврдено дали користи листови од кока во производствениот процес.

Една од германските трговски куќи на големо најави дека ќе го повлече овој производ од своите продажни рафтови. Сепак, германските официјални лица ја спуштаат топката и најавија резултати од испитувањата и нормализирање на ситуацијата.

Related Posts with Thumbnails