wordpress counter

„Рептил“ маркети со малку поинаков пристап кон потрошувачите

Во Скопје може да пронајдете безброј продавници кои продаваат продукти за широка потрошувачка. Од огромни маркети, до мали, маалски продавнички кои имаат посебен дух. Покрај дургите поголеми маркети, сигурно сте ги забележале и „Рептил“ маркетите.

Компанијата има 5 маркети на различни локации во Скопје и со одличната стратегија успева да се шири на пазарот, на кој има голема конкуренција. Она што нѐ натера да пишуваме за оваа компанија е нивната најнова Фејсбук кампања.

Она што е интересно е дека постои интерактивен однос со купувачите, кои добиваат награди. Имено, вашата задача е да смислите рецепт. Потоа, да го споделите на нивната Фејсбук страница, придружен со фотографија. Ако бидете помеѓу избраните, вашиот рецепт ќе биде објавен во нивниот специјален прилог, заедно со сезонскиот каталог. На крајот, ја добивате ветената награда – да пазарите во вредност на рецептот кој сте го приготвиле и споделиле.

За подетални инфорамции можете да ја отворите Фејсбук страницата на маркетите – facebook.com/reptilmarketi.

Related Posts with Thumbnails