wordpress counter

Ресторан во кој се плаќа со овошје и зеленчук

„L’è maiala“ е нова гостилница во Фиренца, Италија, која го привлече вниманието на светските медиуми поради новиот начин на плаќање. Во овој ресторан можете да се најaдете и да платите со зеленчук, овошје, ракотворби.

Идејата е гостите при резервацијата да најават дали ќе плаќаат со пари или на друг начин и сопственичката на ресторанот Донела Фаџели ќе ви понуди оброк кој ќе одговара на таа размена.

Сопственичката Фаџоли смета дека поради кризата многу луѓе не можат да си дозволат да јадат надвор од домот. Поради тоа им ја понудила оваа алтернатива. Овој таканаречен бартер систем полека почнува да се применува во поголем број ресторани во светот. Според резултатите, успехот не изостанува. Имено, оние сопственици кои вовеле некаков бартер систем утврдиле дека нивниот промет се покачил за преку 10%.

Related Posts with Thumbnails