wordpress counter

Розова сол

РОЗОВА СОЛ

Изреката на постарите: „Што убаво јадење, прсти да излижеш!”, сега може и буквално да се употреби. Причина за тоа е розовата сол од Пакистан. Познатите готвачи веќе некое време ја користат, а продавниците за храна ја продаваа во форма на фини или необработени кристали.

Но, сега ја има и во форма на тврда плочка со дебелина од 20-тина сантиметри, која може слободно да се стави на шпорет или скара, постепено да се загрева и таа нема да се растопи. Доволно е да ѝ ставите малку масло или путер и јајцата ќе бидат бргу готови и што е најважно ниту помалку солени од што е потребно, ниту пресолени. Може да се подготвуваат и морски плодови, месо, риба, печурки… Во дополнителната опрема оди и можноста плочката да се замрзне и потоа така изладена да служи за послужување на суши или морска храна.

Се чисти со четкичка и потоа веднаш се мие со вода. Се остава да се исуши преку ноќ и следниот ден е подготвена за повторно користење. Ја има во разни форми и димензии. Оваа што можете да ја видите на сликата чини околу 900 денари.

Related Posts with Thumbnails