wordpress counter

„Салфорд“ си оди од Србија

Српските компании „Имлек“, „Бамби“, „Књаз Милош“ и „Суботичка млекара“ во кои британски „Салфорд“ е доминатен сопственик, се понудени на продажба. Станува збор за успешни фирми и бројот на заинтересирани купувачи постојано расте.

Според Еуген Јафа, сопственикот на „Салфорд“, капиталот од овие продажби ќе биде пласиран во Русија и Украина, како и во други српски фирми од рзлични индустрии. Според информациите кои ги поседуваме, Македонија не е во агендата на „Салфорд“.

Инаку, „Салфорд“ од неговото доаѓање во Србија има инвестирано повеќе од 500 милиони долари. И покрај тоа, овие 4 компании до крајот на следната година одат на продажба.

Related Posts with Thumbnails