wordpress counter

Шпанската шунка не знае за криза

„Jamon Iberico“ или за нас попозната како шпанска сушена шунка, се продава како алва. Продавниците се преполни со купувачи и туристи кои сакаат да уживаат во еден од најпознатите шпански деликатеси.

Секако, продавниците нудат и други производи како кашкавал, чоризо (зачинет свински колбас) и други видови шунка и лосос. Сепак, најголема ѕвезда е шпанската сушена шунка. Бројот на видови, производители и цени е речиси немерлив.

И покрај големата економска криза, овој деликатес и натаму се продава. Во последните три децении Шпанија доживеа огромни промени, но апетитот за „Jamon Iberico“ остана непроменет. Поточно, побарувачката е дури поголема од претходно.

Можеби тајната лежи во неверојатниот вкус. Свињите од кои се добива шунката се чуваат во шумите на селските региони во Андалузија и Екстрамадура. Тие се чуваат во градини со плута и дабови дрвја. Животните, пред да бидат заклани, се носат на стрмните падини за нивните нозе да бидат што посилни.

Вака се одгледуваат таканаречените црни пиринејски свињи. Потоа, месото се суши и до 4 години пред да заврши во баровите, рестораните и продавниците за деликатеси. Се сервира како закуска со вино или пиво или пак како прилог кон главното јадење.

Related Posts with Thumbnails