wordpress counter

Штипска „Чунга лунга“ ги освојува САД

„Макпромет“ од Штип го зголеми својот извоз на гуми за џвакање во САД. Досегашните 50 тони годишно се зголемија на 50 тони месечно. Оваа македонска компанија, позната по брендот „Чунга лунга“, ја започна својата стратегија за освојување на странските пазари.

Според Данче Ѓурева, менаџер за кондиторски производи на „Макпромет“, овој резултат произлегува од вложувањата во нова опрема, модернизација на производството и користење на висококвалитетни суровини. Интересно е дека досега акцентот беше врз европските пазари, но сега овој бренд се шири во Израел и САД.

Дел од заслугата е постојаното присуство на светските саеми за кондиторски производи, како и вложување во усовршување на работната сила. Инаку, „Макпромет“ произведува бонбони, карамели, лижавки и гуми за џвакање.

Related Posts with Thumbnails