wordpress counter

Штипската пастрмајлија стана заштитен бренд

Општина Штип и официјално најави дека го добила сертификатот со кој се озаконува брендирањето на најпознатото штипско јадење, „штипската пастрмајлија.“ Локалната самоуправа планира да ги обележи соодветно сите угосителски објекти во Штип каде ќе можете да вкусите оригинална штипска пастрмајлија.

Доколку објектот нема сертификат, нема да смее да го употребува терминот „штипска пастрмајлија“, туку само „пастрмајлија.“ Рецептот и стандардизацијата се зашититени во Државниот завод за индустриска сопственост.

Покрај оваа убава вест, ве информираме дека викендов (23-25 септември) Штип ќе биде домаќин на традиционалната манифестација „Штипска пастрмајлијада 2011“. Досега пријава за учество доставиле преку 36 угостители, винарници и пиварници. Цената на пастрмајлијата на манифестацијата ќе изнесува 100 денари, а сите ќе бидат со стандардна големина. Според претставници на општината, се очекуваат повеќе од 10.000 гости.

Покрај вкусното јадење и квалитетните пијалаци, гостите ќе присуствуваат и на богата музичка програма на која ќе настапат Дуле  и Коки, Токсикологија, Канго, КУД Ристо Динев, Викторија Лоба, Тони Зен, Влатко Илевски, Слаткаристика и други.

Related Posts with Thumbnails