wordpress counter

Што имаат заедничко McDonald’s и кондомите?

На прв поглед речиси ништо. Меѓутоа, една грешка во доставата направи 5.000 Happy meal“ наместо со играчка да бидат продадени со кондом. Кондомите биле наменети за студентите во Провинстаун, каде од неодамна се води политика на достапност на кондоми за секој студент.

Според Робин Андерсон, заменик претседател за јавни односи на синџирот за брза храна, пакувањата за кондоми биле толку светли и живописни што личеле на играчки. А, забуната била што поголем дел од работниците кои ги пакуваат оброците не знаат да читаат на англиски јазик.

За да биде приказната поинтересна, во еден ресторан се случил и мал инцидент, кога на роденденската прослава на едно 11-годишно девојче сите деца добиле оброк со кондом. Можете да си замислите што се случило.

Во меѓувреме, корпорацијата се извини до сите оние кои почувствувале непријатности поради нивниот пропуст.

Related Posts with Thumbnails