wordpress counter

Што нудат рестораните?

РЕСТОРАН PORTERS ENGLISHВремето на криза ги тера сопствениците на ресторани во светот (за разлика од нашите) да изнаоѓаат сѐ покреативни начини за да ги задржат своите гости. Еве еден список на маркетинг акции кои им донеле одличен резултат на рестораните:

• Ресторанот Porters English, по повод својот 30-ти роденден, го нуди своето мени од 1979 година по цени кои важеле тогаш;
• Covent Garden, како промоција за нивниот роденден сите вина, пива и коктели ги наплаќаше по половина цена;
• Einstein Bros Bagels понуди печиво за домашни миленичиња по цена од само 1 долар, во обид да ги привлече сопствениците на миленичиња;
• Некои од рестораните имаат и бизарни понуди. На пример, спортистите за да добијат попуст треба да ги носат своите идентификациони карти или да ја носат својата нечиста опрема од тренинг;
• Ресторанот Tamarind ги снижи цените на ниво од 1999 година;
• Trisha нуди неограничено prosecco ако нарачате предјадење, главно јадење и десерт;
• Rosspomodoro им овозможува на гостите да донесат со себе пица од супермаркет и да им се приготви таква, секако по пониска цена.

Related Posts with Thumbnails