wordpress counter

Што се готви во Apple?

ШТО СЕ ГОТВИ ВО APPLE?

Дали некогаш сте посакале да живеете како вработен во Apple? Таа желба тешко дека ќе ви се оствари, ама сега барем имате можност да дознаете како да јадете како еден од нив. Имено, новата iPhone веб-апликација ви дава извештај за дневното мени во Apple кафетеријата Caffe Macs.

Пуштете Safari на вашиот iPhone, внесете ја адресата menu.apple.com, селектирајте локација на некој Apple кампус и веднаш добивате што се готви во Apple.

Според апликацијата денеска на Infinite Loop (улицата која ги поврзува шестте згради кои го сочинуваат седиштето на Apple во Купертино, Калифорнија) се готви пица, тако, бурито, салати, печено пилешко месо, риба подготвена на скара и разни други мезиња кои треба да им дадат доволно енергија на инженерите за неодамна претставениот нов iPhone.

Related Posts with Thumbnails