wordpress counter

„Сковин“ – супербренд за 2011-2012

Винарницата „Сковин“ се закити со едно од најголемите наши признанија  – Супербренд на Македонија за 2011-2012 година. Со тоа, „Сковин“ стана единствената винарница во Македонија која се закити со ова признание за оваа година.

Титулата е резултат на 33-годишната напорна и посветена работа во производството на висококвалитетно вино и винарски производи. Во моментов, „Сковин“ е втора по големина винарска визба кај нас, со годишно производство од 10 милиони литри вино, кое се извезува во преку 15 земји во светот.

Инаку, оваа година вината на „Сковин“ се закитија со неколку златни награди за „Мускат“, „Каберне Совињон“ и „Мерлот“, а последната награда е добиена за виното „Марков манастир“. Тие се единствени кај нас кои произведуваат чисто органско вино „Санџовезе“, а во план е лансирање на цела нова линија на барик вина.

Related Posts with Thumbnails