- Гурман™ - http://gurman.mk -

Сладолед од кој може да се опиете

Овој сладолед содржи вино од чија количина навистина може да се опиете. Станува збор за производот „Wine Ice Cream“ на производителот „Mercer’s“. Со оглед дека има вкус на сладолед, виното помалку ќе го почувствувате, но набрзо може да почувствувате дека сте се поднапиле.

Интересно е дека ова не е прв сладолед на база на вино, но е прв кој има 5% алкохол во себе. Се произведува во 6 вкуса: вишна Мерло, чоколaдо Каберне, праска Зинфандел, Порто, малина Шардоне и Ризлинг.

Цената за пакување од 500 милилитри е 300 денари, а можете да го консумираат само постари од 18 години.