wordpress counter

Сладолед од соја сос

Јапонскиот производител на слатки, „Yamani Soy Sauce Co.“, започна да продава принцес крофни полнети со сладолед од соја. Интересно е дека дел од профитот е наменет за обнова на еден град кој беше разрушен од разорното цунами минатата година.

Да се вратиме на сладоледот. Овој производ е микс од соја сос и сладолед, а резултатот е добро избалансиран солено-сладок вкус кој е совршен за летните месеци. Компанијата објави дека планира нови необични видови сладоледи со доаѓањето на есента.

Десертот се продава по цена од 150 денари.

Related Posts with Thumbnails