wordpress counter

Сладолед трендови

СЛАДОЛЕД ТРЕНДОВИ ВО 2009-ТАСладоледот не е само слабост кон ладното слатко задоволство. Тоа е и најзначаен симбол на летото и најголема радост на децата. Но, кога станува збор за замрзнатите десерти, сепак има најави за промени, иако сладоледот е уверливо најпродаваниот од нив. А ова се неколку нови трендови во овој леден свет за оваа и следната година.

СЛАТКИ СЕНДВИЧИ
За софистицираните купувачи, ова е одлична можност да добијат нешто несекојдневно и интересно. Обично се состои од две колачиња меѓу кои се става топка-две сладолед, а преливот е со топла карамела на врвот на десертот.

ОВОШЕН СЛАДОЛЕД СО СТИЛ
Како надополнување на двете топки сладолед од ванила прелиени со карамела, сладоледот се служи во сад од не’рѓосувачки челик, заедно со дваесетина цилиндрични вафли, наполнети со било каков сладок производ кој одговара на нивниот специфичен облик и целиот десерт е попрскан со дробени лешници.

СЛАТКО-СОЛЕНО
Едноставниот крем „anglaise“, основата на повеќето сладоледи, овозможува без малку бескрајни можности за истражување на комбинирањето на слаткото и соленото. На пример, сладоледот со чаден мед содржи мед кој е чаден со ладна постапка околу час и половина. Или црни феферони кои се потопени во англезе крем околу половина час. Се служи една топка од овој сладолед со чаша црвено вино и тортичка со козјо сирење и кекс од бадеми.

Related Posts with Thumbnails