wordpress counter

СлаткоСолено™ — сервис за сите гурмани

Од денес, Гур­ман™ со гор­дост ви го прет­ста­вува серви­сот „Слат­ко­Со­лено™“. Ста­нува збор за сервис за кому­ни­ка­ција кој е посве­тен на сите вистин­ски вљу­бе­ници во хра­ната. До серви­сот можете да при­ста­пите на slatkosoleno.gurman.mk.

Вклу­чу­ва­њето во диску­си­ите е мошне лесно. Се реги­стри­рате, се нај­а­ву­вате и го пости­рате она што имате желба да го спо­де­лите со сите. Можете да фалите, кри­ти­ку­вате, раз­ме­ну­вате мислења, обја­ву­вате фото­гра­фии, да спо­де­лу­вате реце­пти и совети, или едно­ставно да кому­ни­ци­рате со луѓе кои имаат слични желби и инте­реси како вашите.

„Слат­ко­Со­лено™“ е един­ствен сервис од ваков тип кај нас. Тука постои само една тема — храна. Сè што се одне­сува на нашата оми­лена тема, може да го рас­ка­жете тука. Затоа, ве пови­ку­ваме сло­бодно да ги спо­де­лите вашите мислења или пра­шања. Без разлика какви се. Ние, од редак­ци­јата на Гур­ман™, ќе бидеме посто­јано отво­рени за кому­ни­ка­ција. Секако, дел од вашите раз­ми­слу­вања или пра­шања ќе ги истра­жу­ваме и ќе ги пре­то­чиме во тек­стови и ста­тии. А, можеби, некој од вас и ќе стане дел од редакцијата.

Сакаме „Слат­ко­Со­лено™“ да стане место каде секојд­невно ќе се срет­ну­ваме и ќе раз­го­ва­раме. Место каде сите гур­мани ќе се дружат.

Само да зна­ете — без вас, тоа нема да биде можно. Ајде да го напра­виме „Слат­ко­Со­лено™“ место на кое сите ќе ни зави­ду­ваат!

НАПОМЕНА: серви­сот е во бета вер­зија. Ве молиме, изве­стете нѐ на redakcija@gurman.mk за сите гре­шки, пречки и про­блеми во функ­ци­о­ни­ра­њето и/или изгле­дот на серви­сот на кои ќе наидете.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ