wordpress counter

Славните против Нобу

СЛАВНИТЕ ПРОТИВ НОБУАктери, поп ѕвезди, модели и други важни општествени личности започнаа голема активност против еден од омилените ресторани од А листата – Нобу. Петицијата е поради фактот што Нобу во своите оброци користи загрозени видови риба.

Сиена Милер, Шарлиз Терон и Стинг се помеѓу 31 јавна личност кои потпишаа и испратија писмо до јапонскиот готвач Нобу Мацухиса со барање да ја отстрани сината туна од менито од овој ланец ресторани за да може да јадат, како што велат, тие „со чиста совест“.

Моделот Ел Макферсон и актерката Алиша Силверстон се придружија кон оваа група откако рестораните одбија да ја тргнат оваа риба од менито, иако на гостите им нудат алтернатива на тој избор.

Нобу е ресторан кој е омилен меѓу познатите, светски лидер во подготовка на суши, со одлична репутација и огромно влијание во светот на храната. Но, познатите се цврсти во својот став – најавуваат и комплетен бојкот, што веројатно ќе им оди во прилог на Џејми Оливер, Гордон Ремзи и останатите.

Related Posts with Thumbnails