wordpress counter

Со чоколадо против брчки

Еден од светски водечките производители на чоколадо ја рашири веста за создавање на нов производ кој го спречува создавањето на брчки и го забавува процесот на стареење. Оваа информација се должи на истражувањата на Harley Street skin clinic во Лондон.

Според резултатите од истражувањата, дневна количина на темно чоколадо ја штити кожата од стареење предизвикано од сонцето, додека само неколку коцки дневно нѐ штити од брчки кои ги создаваат ултравиолетовата светлина на сончевите зраци.

Но, ова е случај само со темното чоколадо кое е богато со флаваноли, односно антиоксидансот кој се јавува природно во плодот на какао – главната состојка на чоколадото. Истражувањата продолжуваат сѐ додека не се создаде идеалното чоколадо.

Related Posts with Thumbnails