wordpress counter

Социјални мрежи + храна = 4Food

Во Њујорк, нео­дамна се појави ресто­ран за брза храна кој воведе нови­тет кога се во пра­шање соци­ја­лните мрежи. Имено, преку нив­ниот веб-сајт вие ќе можете, слично како во игри­ците на Фејс­бук, да изми­слите ваш сен­двич со состој­ките кои се на рас­по­ла­гање и на истиот да му дадете име. Ќе го пора­чате и потоа одете да го земете.

Тука завр­шува хра­ната, но започ­нува соци­ја­лното повр­зу­вање. Веб-сајтот www.4food.com има табела на која се ран­ги­раат нај­на­ра­чу­ва­ните сен­двичи кои ги кре­и­рале некои од гостите. На кра­јот, сето ова се транс­фор­мира во една игра на соци­ја­лните мрежи.

Еве како оди рабо­тата: јас си кре­и­рам сен­двич и го наре­ку­вам, на при­мер, Гур­ман. Потоа, ја пре­не­су­вам инфор­ма­ци­јата преку Facebook и Twitter. Секо­гаш кога некој ќе го порача сен­дви­чот Гур­ман, јас доби­вам кре­дит од 25 центи. На тој начин, сен­дви­чот оди нагоре кон врвот на табе­лата. Колку повеќе кли­енти го нара­чу­ваат сен­дви­чот, толку повеќе кре­дити доби­вам. Сѐ додека не доби­јам гра­тис ручек или вечера.

Со оглед дека слич­ните игри на Facebook добија голема попу­лар­ност, не веру­ваме дека има при­чина ова да не успее. Како и да е, social networking за поздрав.


Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ