wordpress counter

Создадена „убиствена“ хартија

Деновиве е создаден нов материјал за пакување на храна, кој има способност да ја чува храната на тој начин што се бори со бактериите кои предизвикуваат расипување. „Убиствената“ хартија, како што ја нарекоа, содржи тенок филм од нано честички на сребро, кои ги уништуваат E. coli и S. aureus – двата главни причинители на труење.

Хартијата успева да ги уништи овие две бактерии во рок од три часа. Хартијата својата примена ќе ја најде во прехранбената индустрија како начин да се продолжи рокот на траење на производите. Среброто е употребено бидејќи има антибактериски својства.

Интересно е дека досега научниците не успеале да нанесат нано честички врз хартија. Овој метод се базира на употреба на ултразвук. Со помош на оваа „убиствена“ хартија, би можеле да се напуштат досегашните методи на чување на храна како замрзнување, зрачење, топлинска обработка.

Related Posts with Thumbnails