wordpress counter

Создадени нови генетско-модифицирани јаболка

Една канадска биотехнолошка команија ги создаде врстите „Аrctic granny“ и „Arctic golden“, кои по берењето не го менуваат својот изглед и боја. Овие јаболка настанале со гасење на генот кој е одговорен за претворање на бојата на плодот во кафена.

Овие модифицирани јаболка нема да ја променат својата црвена или зелена боја, без оглед колку време стојат набрани. Ако го исечете јаболкото на парчиња, нема да ја смени бојата со недели, поточно плодот ќе има бела боја.

Овие јаболка би требало да започнат да се продаваат веќе за година и половина и покрај тоа што генетскиот инженеринг има голем број противници насекаде низ светот. Противниците особено се лутат поради фактот што „ГМО“ јаболката може да значат крај за старите видови на јаболка кои досега се одгледувале.

Ние имаме едно прашање до македонските земјоделци и потрошувачи: подготвени ли сте за новите времиња?

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Топ диети за 2012 година (5 дел) – Медитеранска диета

Денешната статија ја посветуваме на Медитеранската диета. Оваа диета не само што ќе ви помогне да го намалите бројот на...

Close