wordpress counter

Сребрен медал за „Шардоне“ на „Тиквеш“

Винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци учествуваше на реномираниот натпревар „Chardonnay du Monde“ во Франција. И како што веќе сме навикнати, „Тиквеш“ не замина од таму со празни раце. Неговото бело „Chardonnay Limited Edition“ од 2010 година се закити со сребрен медал.

Ова значајно признание го доделува жири составено од 300 меѓународни експерти. Конкуренцијата беше мошне силна и опфаќаше 914 шардоне вина од 38 земји од светот. Секое од вината е оценувано според своите индивидуални квалитети, а особено внимание се посвети на типизираноста и интензитетот на шардоне аромата.

Оваа година се одржа 18-от по ред светски натпревар на шардоне вината. Во улога на организатор се најде прочуениот институт „Пастер“, а местото на настанот беше нивниот вински имот во Бургундија, Франција.

Related Posts with Thumbnails