wordpress counter

Среќен роденден FISH & CHIPS

Британците го прославија 150-от роденден на своето национално јадење Fish & Chips. Според „Индипендент“, постојат 10.500 регистрирани fish & chips места и секоја петта достава на храна е токму ова јадење.

Интересно е дека оваа храна содржи за една третина помалку калории отколку другата брза храна, односно еден ваков оброк е 30% од препорачаниот дневен внес на калории за жени и 23% за мажи. Британците најчесто одбираат бакалар, а од компирот сортата maris piper.

Овој пазар во Британија вработува 60.000 луѓе, продава окoлу 300 милиони порции годишно и тежи преку 1.2 милијарди фунти. За оваа манија виновни се две места – едното е отворено во источен Лондон во 1860 година, а второто во стариот дел на Олдам во 1863 година.

Related Posts with Thumbnails