wordpress counter

Српски „Нектар“ го купува „Фруктал“?

Српскиот лидер во производство на сокови „Нектар“ е најсериозен кандидат за купување на словенечкиот гигант „Фруктал“. Во финалниот круг се влезени понудите на 4 фирми, но според извори блиски до компаниите, компанијата од Бачка Паланка е најблиску до тоа да стане нов сопственик.

Повеќе од 17 фирми преземале документација, но само 4 останале во потесен круг. Во „Фруктал“ сметаат дека „Нектар“ е најдобриот избор, со оглед на нивното искуство во производството и пласманот на сокови.

За „Фруктал“, покрај „Нектар“, заинтересирани се и германскиот „Екес Гранини“, австриските „Паго“ и „Раух“, чешка „Кофола“ и „Љубљанска Млекарна“ која настојува фабриката да остане во словенечко сопствеништво.

Related Posts with Thumbnails