wordpress counter

Старбакс наплаќа двапати

СТАРБАКС НАПЛАЌА ДВАПАТИ

Поради компјутерски проблем, популарниот ланец на барови Старбакс на повеќе од 1 милион свои потрошувачи им наплатил двојно за една порачка. Грешката се случила во САД и во Канада, но, не е лошо сите што сте пиеле кафе во Старбакс на 22 и 23 мај да си ги проверите дебитните и кредитните картички.

Проблемот е уште позначаен ако се има во предвид фактот дека на сметките што ги добиле купувачите стоела вистинската сума која требало да ја платат, додека од нивните сметки е наплатено двојно повеќе.

Компанијата им се извини на сите свои клиенти и започна со враќање на погрешно наплатените средства.

Related Posts with Thumbnails