wordpress counter

Стратегија за развивање на гастрономскиот туризам во Македонија

Во рамките на развојот на туризмот кај нас, Владата најави проширување на списокот на угостителски објекти за исхрана. Имено, станува збор за нова категорија, која ќе се нарече „Национален ресторан – меана“ и за кој ќе се издава посебна ознака.

За еден угостителски објект да ја добие оваа ознака ќе треба да исполни неколку услови. Првин, во своето мени мора да има најмалку 70% домашни традиционални јадења, додека кај вината и другите пијалаци, тој процент треба да биде 80.

Покрај тоа, ентериерот ќе мора да содржи мотиви од домашната традиционална култура како народни инструменти, носии, мебел, садови. Персоналот ќе мора да носи униформа која ќе има мотиви од нашата долга традиција, додека музиката треба да биде изворна и чалгија, со акустичен звук.

Барањата за ознака ќе се доставуваат до Министерството за економија, а сите угостителски објекти кои досега се декларираа како национални, ќе мора да достават барање и да ги исполнат предвидените услови ако сакаат и понатаму да ја носат ознаката „национален ресторан“.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Совети за употреба на зачини

Претпоставуваме дека светот на храната е толку интересен поради фактот што имаме на располагање безброј различни комбинации. Секоја од нив...

Close