wordpress counter

Subway во Битола?!

Subway е свет­ски син­џир на ресто­рани за брза храна. Посе­дува преку 33.000 ресто­рани, во дури 92 земји во све­тот и на тој начин е една од нај­у­спе­шните при­ка­зни во таа инду­стрија. Секој заин­те­ре­си­ран може да побара фран­шиза од нив и да ја добие. Секако, ако ги испо­лни број­ните услови.

Меѓу­тоа, некоја маке­дон­ска фирма во Битола не смета така. Се решила да си го позајми нив­ниот корпо­ра­ти­вен иден­ти­тет, па дури и името е само мала моди­фи­ка­ција на Subway.  Логото е комплетно исто, како и логото за достава на про­и­зводи. Инте­ре­сно е дека менито е само скра­тена вер­зија на сeн­дви­чите на Subway, а сли­ките се пре­зе­мени од сај­тот на корпорацијата.

Пред да го напи­шеме тек­стот, про­ве­ривме и на веб-сајтот на Subway дали можеби некоја маке­дон­ска компа­нија се решила да побара и да добие фран­шиза. Но, утвр­дивме дека Маке­до­нија воо­пшто ја нема во лока­то­рот на ресторани.

Очи­гледно, од Submarine Битола — http://submarinebt.com сме­таат дека одбрале вистин­ски начин за своја про­мо­ција. Но, во нор­ма­лните земји, ваквото одне­су­вање ќе биде соо­дветно санк­ци­о­ни­рано. Ако не за друго, барем поради дове­ду­вање во заблуда на потро­шу­ва­чите.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ