wordpress counter

Супермаркет на иднината

СУПЕРМАРКЕТ НА ИДНИНАТА

За сите оние кои имаат проблем со пребарување по полиците на големите маркети, активност која сигурно ќе ви одземе многу од вашето драгоцено време и на крај ќе ве натера да молите некого од вработените да се смилува и да ви покаже каде се наоѓа определен производ, конечно една пријатна новост.

Германскиот креатор на софтвер SAP, развива програма за купување со помош на мобилен телефон. Купувачите ќе ги внесуваат во мобилниот телефон производите што сакаат да ги набават и кога ќе влезат во супермаркет мобилниот телефон ќе го вчитува списокот на артикли и мапата на маркетот. Потоа, мобилниот телефон ќе ви ја даде најкратката и најефикасната рута. Освен тоа, на дисплејот ќе можете да ги видите сите достапни брендови и нивните цени.

Сепак, за овој софтер и негово ставање во употреба, ќе треба да почекаме уште некој период од една до две година.

Related Posts with Thumbnails