wordpress counter

Видео: „Surströmming“ – најсмрдливата храна?

„Surströmming“ е шведско јадење кое се состои од ферментирана харинга од Балтичкото море. Се продава во лименки и кога ќе ја отворите лименката ќе ве заплисне тежок и неиздржлив мирис. Мирисот е толку силен, што тие што го јадат ова шведско јадење тоа го прават само надвор.

Инаку, харингата се лови во пролет и потоа се остава да отстои во буриња два месеци. Следува нејзино пакување во лименки, каде продолжува ферментацијата. Се јаде (ако воопшто се јаде) со обичен или потпечен леб. Во некои делови на Шведска се комбинира со кромид, домати и некој зачин.

Во оваа скандинавска земја дури имаат и музеј за овој специјалитет, кој се наоѓа во градот Скепсмален.

Веруваме дека по видеото што следи, тешко дека ќе се најде некој јунак кој ќе го проба ова шведско јадење.

Related Posts with Thumbnails