wordpress counter

Светски ден на храната

Секоја година, 16-ти октомври е посветен на сите наши гладни непознати пријатели ширум планетата. Со оглед дека нивниот број постојано се зголемува, станува сѐ поважно одбележувањето на овој ден и потребата од наша вклученост во акциите за нивна помош.

Фактот што ние живееме во подобрата половина од земјите не треба да не направи бесчувствителни и неми на нивната несреќа. Претседателот на Европскиот парламент, Јиржи Бузек, излезе со поразителна бројка од 800 милиони гладни луѓе во светот.

Причината се нестабилност на цените на храната, екстремни временски услови, демографските трендови и војните. Во овој момнет, на планетата живеат повеќе гладни луѓе од било кога, а нивниот број расте рапидно.

Организацијата на ОН за храна и земјоделство во текот на денешниот ден ќе има неколку настани со кои треба да се разбуди нашата свест и волја да се помогне. Оваа година, темата на настаните е „Цени на храната – од криза до стабилност“. Главната манифестација ќе се одржи во Рим, со оглед дека овој ден се совпаѓа и со 60-годишнината од преселувањето на седиштето на оваа организација во Рим. Настаните можете да ги следите во живо на fao.org/webcast.

Како и да е, не смееме повеќе да дозволиме само еден ден во годината да им е посветен  на овие луѓе. Потребно е сите активно да се вклучиме во искоренување на ова зло, сѐ додека и последниот гладен човек на планетата не се најаде. Тогаш ќе знаеме дека сме исполниле една од нашите најважни мисии.

Related Posts with Thumbnails