wordpress counter

Светски награди за најдобро сирење

Повеќе од 20 години, „World Cheese Award“ ги поврзуваат продавачите и купувачите на најквалитетните светски сирења. Станува збор за најголемо светско натпреварување посветено на овој вкусен производ.

На шампионатот учествуваат во просек 2.500 видови на сирење од преку 40 земји. Судии се повеќе од 200 експерти за сирење и млечни производи од секоја агол на планетата.

Оваа година, светски првак е „Mancehego DO – Gran Reserva“, од производителот „Dehesa de los Llanos S.L“ од Шпанија.

Во останатите категории победници се:

Најдобро гриер сирење: „Le Gruyere AOC 1655“, производител „Fromage Gruyere S.A.“

Најдобро сино сирење: „Gorgonzola Dolce DOP“, производител „C.Carnevale“

Најдобро сирење на Централна и Источна Европа: „Dalmatinac“, производител „Pashka sirana“

Најдобро ново сирење: „Rotwii Bargler“, производител „Walo von Munchelen“

Најдобро британско сирење: „Barkham Blue“,  производител „Two Hoots Cheese“

Најдобра американско сирење: „Rogue River Blue“, производител „Rogue Creamery“

Најдобро италијанско сирење: „Blu di Bufala“, производител „Azienda Agricola Gritti Bruno E“

Најдобро француско сирење: „Comte AOP“, производител „QST/Cheese de France“

Најдобро шпанско сирење: „Manchego DO-Gran Riserva“, производител „Dehesa de los Llanos S.L.“

Најдобро австралиско сирење: „Oak Blue“, производител „Berrys Creek Gourmet Cheese“

Related Posts with Thumbnails