wordpress counter

Тајландска традиција и иновации

ТАЈЛАНДСКА УЛИЧНА ХРАНА

Сите сме слушнале за една од најкарактеристичните одлики на тајландското живеење. Кој од нас го посетил, кој видел на вести или по оние лоши, нискобуџетни источно – азиски филмови, ама сите знаеме дека улиците во Бангкок се преплавени со улични продавачи и колички за храна. Продаваат сѐ и сешто: од паткина супа, па до ајс кафе. Овие денови таму се поставува изложба на уличните претприемачи кои продаваат храна и тоа не само како некои кои нудат брз и вкусен начин на готвење, туку и иновации на полето на адаптивен дизајн на пакување на храната. Поточно – прибор за јадење и пакување направени од секојдневни материјали и предмети за моментална употреба, што го прави многу полесно продавањето, носењето и јадењето на брзата храна.

Пластични кесички за пијалаци, шолји за кафе направени од конзерви од млеко, закачалки кои служат за сушење на лигњи, листови од банана за виткање на јадењето, кои му даваат посебна арома, се само некои од мноштвото начини кои ги користат преку 24.000 улични продавачи во овој град.

Можеби некому ова ќе му звучи нечисто или неприкладно кога станува збор за храна. Меѓутоа, сепак, 200 годишната традиција на ваков тип продажба во Тајланд продолжува и денес. А, плус сѐ уште немаат имплементирано ХАССП систем.

Related Posts with Thumbnails