wordpress counter

Тајни камери во тоалетите на „Старбакс“?

Вилијам Јоки од Вирџинија, САД го тужи синџирот кафетерии „Старбакс“, поради тоа што наводно неговата ќерка забележала камера која била поставена веднаш под мијалникот во тоалетот на еден од нивните кафе барови во центарот на Вашингтон.

Според адвокат на Вилијам, тој бара оштета во износ од 1 милион долари, поради повреда на приватноста на неговата ќерка. Настанот се случил во текот на април, при посетата на градот од страна на семејството на Вилијам.

Девојчето ја открила камерата која била поставена под мијалникот, на самата цевка за одвод и била завртена кон тоалет школката.

Ова е веќе трет инцидент со камери во тоалетите на „Старбакс“ оваа година. Еден човек беше уапсен во Калифорнија затоа што поставил камера во женскиот тоалет на кафетеријата и снимил повеќе од 40 жени. Сличен настан се случи и на Флорида. Според претставниците на компанијата, станува збор за ретки случаи и дека тие прават сѐ што е во нивна моќ да обезбедат сигурност за нивните гости.

Related Posts with Thumbnails