wordpress counter

Текила која никој нема да ја одбие

Мексиканскиот производител на алкохолни пијалаци Hacienda La Capilla, создаде текила која е најскапа текила било кога произведена. Станува збор за пијалак кој одлежал седум години и кој е спакуван во керамичко шише од 1.3 литри.

Шишето е обложено со слој од платина и преку 4.000 дијаманти, кои заедно прават 328 карати. Ова екстравагантно шише ќе се продава на аукција во Лондон, со почетна цена од 3.5 милиони долари.

Доколку си најде купувач, оваа текила и официјално ќе биде најскапата текила на светот. Рекордот сѐ уште го држи истиот производител. Станува збор за текила која е произведена во 1996 година и која постигна цена од 225.000 долари.

Останува да дознаеме дали навистина вреди толку, или има само колекционерска вредност.

Related Posts with Thumbnails