wordpress counter

Парфем со мирис на сланина

Мирисот на храна можеме да го замислиме во буквално секаков контекст, но во парфем ни звучи претерано. Познато е дека секој гурман ужива во мирисот и вкусот на сланина сервирана во чинија, но не и мирисот на сланина зад нечие уво.

Очигледно дека некои не се сложуваат со оваа наша констатација, со оглед на фактот што бизнисот со парфеми кои имаат мирис на храна цвета во последно време.

На пример, тука е парфемот со мирис на сланина на „Fargginay“, потоа парфемот „Que“ со мирис на скара, кој се продава по цена од 1.000 денари, а синџирот „Pizza Hut“ лансираше парфем со мирис на пица. За среќа стануваше збор за лимитирана серија.

Related Posts with Thumbnails